Во категоријата најдобар DSLR фотоапарат со голем сензор славеше моделот на Canon, EOS 5D Mark IV.
Новинското здружение кое ги доделува TIPA наградите оваа година и додели три признанија на компанијата Canon. Овие награди, исклучително ценети во фотографската и видео бранша ги заслужија еден фотоапарат, објектив и видео камера.
Во категоријата најдобар DSLR фотоапарат со голем сензор славеше моделот на Canon, EOS 5D Mark IV. Компанијата се закити со награда и во категоријата најдобар DSLR објектив со стандарден зум (EF 24-105mm f/4L IS II USM), додека XC15 славеше во конкуренција на камкордери.
„Многу сме горди поради наградите што ни ги додели TIPA. Со тоа и е одадено признание на нашата мотивација и преданост во понудата на врвни производи што го унапредуваат и олеснуваат визуелното искуство преку подобрите можности на снимање”, рече водителот на маркетинг во одделот на фото решенија за крајните корисници, Ричард Шепард.
На одборите на TIPA учествуваа уредниците на 30 најпознати светски магазини за фотографија и фото технологија со членовите од 15 држави и од 5 континенти. Одборот на кој се расправа за најновите производи од светот на фотографијата се одржува секоја година, а оценките се темелат на целата низа критериуми како што се иновативност, користење револуционерни технологии, дизајн и вкупниот квалитет на производи. На крајот, врз основа на тоа се избираат и наградуваат најдобрите производи.
Поврзани артикли