Apple оствари уште една аквизиција, а овој пат преземена е компанијата Beddit, која на пазарот нуди производи на следење на сонот.
Веста за преземањето се појави на официјалната веб страница на Beddit, на делот од сајот каде се споменува политиката на приватност, кога сега е променета да одговара на политиката на приватност на Apple.
Засега нема информации за сумата која Apple ја издвои за купување на Beddit, ни која е иднината на нивните производи на пазарот. Продуктите на компанијата кои веќе се продаваат во потполност се компатибилни со iOS уредите и паметниот часовник Apple Watch.
Оваа аквизиција сугерира дека Apple во скора иднина би можел да ја вклучи опцијата за следење на сонот во Apple Watch, можеби веќе и со доаѓањето на новата верзија на watchOS, чие претставување се очекува на конференцијата WWDC 2017 што ќе почне на 5. јуни.