Емил Олденберг, соосновач на страницата “Bitcoin.com”, ги продал сите свои биткоини, а притоа ги нарече “бескорисни”.

Олденберг, шеф на технологија на веб-страницата “Bitcoin.com” изјавил дека станува збор за “најризичната инвестиција во која може да влезете”.

Емил Олденберг открил зошто повеќе не верува во таа криптовалута.

“Станува збор за екстремно висок ризик. Ги продадов сите свои биткоини и се префрлив на биткоин кеш (bitcoin cash). Префрлањето на биткоините на берзите и обратно чини многу. Кога ги продадов своите биткоини, морав да платам 50 американски долари и да чекам 12 часа за да се изврши трансакцијата”, вели Олденберг.

Тој открива дека Bitcoin.com “престанала да развива нови услуги за старата биткоин мрежа” и дека сега таа страница првенствено е фокусирана на биткоин кеш, криптовалута која е иницирана во август.

“Старата биткоин мрежа е речиси бескорисна. Решението на овој проблем го гледам во биткоин кеш, а во тоа лежи иднината”, вели тој.

Емил тврди дека високите трансакции и застојот во истите се главните причини поради кои се откажал од битконот. Во јануари, вредноста на биткоинот изнесувала околу 1000 американски долари, а за само 12 месеци, таа се искачила на неверојатни 18 илјади долари.

Извор: Kurir.rs