Не е тајна дека се зголемува бројот на реклами во дигиталните медиуми на сметка на традиционалните формати. Најновите податоци покажуваат дека во САД промените се одвиваат побрзо отколку што се очекуваше. Според истражувањата на eMarketer, трошоците за реклами на Интернет ги надминаа ТВ-рекламите уште на крајот на 2016 година. eMarketer претходно предвидуваше дека промената нема да се случи се до оваа година.

До крајот на 2016, потрошувачката на дигитални реклами во САД достигна 72,09 милијарди долари, додека трошоците за ТВ пораснаа на 71,29 милијарди долари. Тоа значи дека дигиталното трошење претставуваше 36,8% од вкупните медиумски реклами во САД, додека телевизијата имаше уддел од 36,4 проценти.

„Дигиталното рекламирање не само што ги влече парите од традиционалните медиуми, туку исто така создава нови можности за рекламирање на локално и национално ниво”, истакна аналитичарот на eMarketer, Мартин Утрерас.

Силните перформанси на пазарот за дигитални реклами се водени од неколку фактори, вклучувајќи ги мобилните и видеото. Трошоците за мобилни реклами се зголемија 45 проценти и достигнаа 45,95 милијарди долари. Како што растат, тоа ќе претставува зголемен дел од вкупните реклами за трошење. До 2019 година мобилните телефони ќе претставуваат повеќе од една третина од вкупните медиумски реклами во САД. Google е неприкосновен крал на мобилните и ќе остане така во догледна иднина. Google ќе заземе 32 отсто од пазарот за мобилни реклами – неговиот најголем ривал е Facebook, кој годинава држи 22,1 проценти од пазарот.

Не само што трошењето за видео рекламите ќе продолжи да расте со двоцифрен процент, исто така ќе се зголеми и нивното учество во вкупната дигитална потрошувачка. Во 2016 година, трошењето за видео реклами достигна 10,30 милијарди долари, што претставуваше 14,3 проценти од вкупното дигитално трошење. Оваа бројка ќе се искачи на 15,1 отсто до крајот на оваа година.

„Програматот го прави инвентарот многу подостапен, не само за поголемите продавачи, туку и за локалните и помалите рекламни огласувачи”, рече Утререс. „Во истовреме, фокусот на индустријата на видливо, системско и подобро мерење обезбедува повеќе пари и донесува подобри резултати”.

Екранот и натаму ќе биде најдобар формат за потрошувачка на дигиталните огласи до 2020. година. Овие трошоци достигнаа 34,56 милијарди долари, малку повеќе од 33,28 милијарди за време на истражувањето. Facebook зазема поголем дел од трошоците за прикажување, учествувајќи со 11,93 милијарди, вкупно 34,5 проценти од вкупната потрошувачка во САД. Google е убедливо втор, со 4,79 милијарди долари или уддел од 13,8 проценти.