Добро е да имате ваков кабел покрај вас – никогаш не знаете кога може да ви затреба.

Сигурно ви е позната онаа ситуација кога телефонот ви е повеќе од потребен, а батеријата на вашиот екран свети црвено. Во тие ситуации кога немате друго решение, може да ви помогне токму ваквиот кабел. Сè што ви е потребно се два кабли со кои ќе претворите еден телефон во полнач, со цел да го наполните другиот телефон. Тоа не мора да биде телефон, туку било каков уред кој поддржува microUSB или некој друг тип на врска која ќе ја направите.

Видеото во продолжение има веќе околу еден милион и 400 илјади прегледи и 13 илјади лајкови. Погледнете го, направете го вашиот “полнач за итни потреби” и следниот пат ќе имате начин да го наполните вашиот телефон дури и кога немате power bank или полначи во близина.

Извор: Mondo.rs