Утре ќе бидат претставени iPhone X, iPhone 8 и iPhone 8 Plus

Утре на презентацијата во Театарот Стив Џобс во Apple Park ќе ги дознаеме деталите за новата генерација iPhone модели, кои ќе ја обележат десетгодишнината од првиот смартфон на компанијата. Едно од најголемите прашања во изминатите месеци беше кои имиња Apple ќе ги искористи за своите следни iPhone уреди. Првите гласини укажуваа на iPhone 8, додека сугерираните имиња на наследниците на iPhone 7 беа iPhone 7s и iPhone 7s Plus.

Сега програмерот Steven Troughton-Smith успеа во протечената Gold Master верзија на iOS 11 да открие дека годинашните модели ќе ги носат имињата iPhone X (редизајнираниот модел без рамки околу OLED екранот), iPhone 8 (наследникот на iPhone 7) и iPhone 8 Plus (наследник на iPhone 7 Plus моделот).

Најновата генерација iPhone уреди ќе биде официјализирана утре, кога ќе ги дознаеме конечните и официјалните детали за новите смартфони на Apple.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 + ten =