Ако мислевте дека моторизираниот телевизор BeoVision Eclipse, кој можете да го возите наоколу со далечински управувач, е врв на комоцијата која можете да си ја дозволите во домот, што ќе речете кога ќе го видите фрижидерот Movable Fridge, кој Panasonic го претстави на саемот IFA  во Берлин. Фрижидерот е се само не обичен – разбира гласовни команди и доаѓа кога ќе го викнете.

Наместо куќен робот кој ќе тркне до фрижидер секогаш кога ќе ви се пие ладно пиво, а не ви се станува од кревет, Panasonic одлучи да го роботизира фрижидерот и во него да вгради технологија која никогаш не би сте ја очекувале кај апарат од тој тип. Освен моторизираното подножје и системот за управување со гласовни команди, Movable Fridge поседува и  LIDAR и сензор за длабочина со чија помош може да го скенира просторот каде што се движи и да ги преминува пречките кои ќе му се најдат на пат.

 Со други зборови, фрижидерот има систем за автономна навигација за да не биде опасен по корисниците, домашните животни и по предметите во домот додека ви носи јадење и пиење. Од Panasonic велат дека ќе биде особено корисен за стари и неподвижни лица, но во неговите услуги особено ќе уживат мрзливковците кои не сакаат да направат движење плус доколку може да се избегне.
Извор: Vidi.hr