Четворица уапсени поради протекувањето на новите епизоди од Game of Thrones

Индиската полиција уапси четворица осомничени, кои наводно ја објавиле четвртата епизода од глобално популарната телевизиска серија Game of Thrones, пред да се емитува на HBO.

Тројца од осомничените се вработени на Prime Focus Technology, а еден од нив е претходен вработен.

Prime Focus, компанија базирана во Мумбаи која ги складира и процесира сериите за индиската стриминг веб страница Hotstar, го пријави протекувањето во полиција.

Game of Thrones е најпиратирана серија во историјата на телевизијата.

Четвртата епизода од седмата сезона протече на 4 август, два дена пред да треба да се емитува глобално.

Шоуто продуцирано од HBO преживеа неколку протекувања низ годините. Неодамна, група хакери објавија дека украле 1,5 терабајти документи, како и епизоди од сериите Ballers, Room 104 и сценарија од наредните епизоди на Game of Thrones. Во понеделникот објавија делови од досега неемитуван материјал.

Апсењата во понеделникот се поврзани со протечената епизода, а не последното хакирање.

Откако полицијата добила жалба, „го истражила случајот и уапсила четворица индивидуалци за неавторизирано објавување на четвртата епизода од седмата сезона“, изјави заменик-комесарот на полицијата Акбар Патан, за АФП.

Четворицата се обвинети за криминално нарушување на доверба и сајбер криминал, а ќе бидат во притвор до 21 август.

ИЗВОР: BBC

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 5 =