Иако ден без нотификации за многумина не делува како долг период, беше доволен за 30 учесници да приметат некои интересни ефекти.

Дали можете без нотификација да издржите 24 часа? Луз Рело од Универзитетот Карнеги Мелон во Пенсилванија и Мартин Пијелот од шпански телеком „Telefonica“ спроведоа истражување баш на таа тема, односно што се случува со луѓето кога недела дена ќе ги исклучат нотификациите на телефонот.

Но, тимот на истражувачи не успеа да најде ниту еден доброволец за учествување во таквиот предизвик, па на крајот, рокот го намалија на 24 часа.

Иако ден без нотификација за многумина не делува како долг период, беше доволен за 30 учесници да приметат некои интересни ефекти.

Тие во текот на денот повеќе се грижеа дали пропуштаат нешто важно, но од друга страна беа многу продуктивни.

„Ако луѓето не мислат за вас дека сте личност која брзо одговара на пораките, веројатно нема да бидете под стрес во текот на овој предизвик. Но, ако имате шеф, кој секогаш очекува брз одговор, тоа ги менува работите“, вели Пејлот.

По предизвикот, две третини од учесниците изјавија дека би сакале да го променат начинот на кој се управува со нотификациите на телефонот, а интересно е дека од тој број, половината се придржуваат на зададените цели и по две години. Тоа значи дека дури и мало „одвојување“ од мобилните телефони е корисно на подолги патеки.