Компанијата Facebook годинава бележи сериозен раст на приходите, а само во последниот квартал нејзината чиста добивка изнесува 3,9 милијарди долари, што е за 71 процент повеќе од претходната година.

Овој раст претставува продолжување на трендот за преусмерување на парите од телевизиските огласи кон огласување на веб и мобилни платформи, од што токму Facebook има најголема добивка.

Покрај Facebook значителен пораст на приходите имаат Snapchat и YouTube, социјални мрежи кои секојдневно привлекуваат милиони посетители.

За разлика од нив Twitter забележува пад на добивката.