Facebook почна на поголем број од корисниците да им ја донесува својата Explore Feed функција. Опцијата е можно да се пронајде со кликот на иконата ракета во апликацијата на популарната социјална мрежа. Со помош на Explore секцијата, која претходно беше во бета, корисниците можат да дојдат до нови објави и содржини кои обично не би ги виделе во својот главен feed.

Explore Feed е наменет на корисниците да им овозможи пристап до содржина што го надминува само она што го споделуваат нивните пријатели и страниците што ги следат. Со помош на алгоритми, Facebook може луѓето да ги насочува кон содржини што би можеле да им се допаднат.

Засега, функцијата е се уште во фаза на тестирање и единствено е достапна на мобилната верзија на апликацијата. Како што опишува Facebook, Explore Feed ги прикажува најбитните објави кои можат да се најдат на социјалната мрежа.