Со секојдневните активности и задачи, понекогаш едноставно немаме време да го оставиме телефонот да се полни еден час или подолго. За среќа, постои еден метод што би можел да ни го олесни животот.

За побрзо да го наполните својот iPhone, ќе ви требаат неколкѕ работи. За почеток, вашиот уред ќе мора да биде барем iPhone 6S. Имено, се работи за првиот телефон од Apple што поддржува брзо полнење, односно полначи со поголема сила. Друга работа што ќе користиме е полначот за iPad. Посилниот полнач, нагласуваме, не е нужен за брзо полнење на уредот, но ако сакате навистина да побрзате, ќе ви биде од голема корист.

Трикот за кој се работи всушност е функција на iPhone која на уредот е присутна уште од неговите најрани верзии. Се работи за авионскиот режим – посебно осмислен мод на работа што во iPhone гаси многу активни функции поради кои телефонот ја празни батеријата додека не го корситиме. Говориме за потсетниците, проверката на апликациите, барањето на блиската безжична мрежа и одржувањето на врската со  давателот на услуги.

Водете сметка дека откако ќе го активирате авионскиот режим нема да можете ниту да примате ниту да примате повици.

За да го активирате режимот за авион, повлечете со прстот од дното на екранот нагоре и повлечете го менито на кое ќе кликнете на иконата со облик на авионче, по што iPhone-от ќе го поврзете на полнач. За полнење на телефонот од празна до полна батерија ќе ви бидат потребни околу 25 минути, што е многу побрзо од стандрардното полнење. Откако ќе го завршите полнењето, едноставно активирајте го менито и исклучете го авионскиот режим.