iPhone 8 нема да биде одложен

Според информациите што пристигнуваат од Кина, Apple ќе успее да го оствари својот вообичаен распоред што се однесува до издавањето на новите iPhone модели. Ова значи дека новиот iPhone 8 на пазарот ќе се појави во октомври.

Интернет страницата Economic Daily News наведува дека различните производители како TSMC, Zhen Ding Technology, Kinsus Interconnect Technology и производителот на батерии Simplo Technology се подготвени во текот на јуни да почнат со масовното производство на компонентите за идниот iPhone 8.

TSMC ќе биде задолжен за производство на А11 чипот на Apple, додека Zhen Ding и Kinsus ќе бидат задолжени за производство на SLP компонентите. Паралелно со производителите на компонентите, за доаѓањето на iPhone 8 се подготвуваат и компаниите Foxconn Electronics, Winstron и Pegatron, каде што новиот iPhone 8 ќе биде составуван. Моментно во овие компании се врши вработување и обука на новите работници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − 10 =