Што е со Siri овие денови, се прашуваат сите на кои на ум им падна да ја прашаат која е националната химна на Бугарија.
Siri како од топ одговара „Despacito“ и ви ја испраќа песната на Луис Фонси и Деди Јенки.
Бугарската химна е инаку песната „Мила Родино“, а зошто доаѓа до оваа грешка засега се уште не е познато. Додека Apple го решава проблемот, Бугарија останува жртва на големата неправда.