Samsung Galaxy A21s веќе некое време се појавува во протечените вести, а сега новите информации укажуваат на рендер на предната страна на смартфонот. Интересно дека рендерот покажува предна страна која е речиси идентична на рендерите кои неодамна се појавија за стандардниот Galaxy A21.
Во горниот лев агол е сместен punch-hole отвор за Infinity-O селфи камера. Изворот на фотографијата објави и некои детали за Galaxy A21s моделот, кои се поклопуваат со Geekbench листингот на уредот со ознака SM-A21F/DS.
Galaxy A21s би требало да има 6,55-инчен дисплеј, со HD+ резолуција. Се очекуваат и 3GB RAM, 32GB или 64GB простор за скалдирање, поддршка за сензорот за отечатоци од прсти и NFC.
Претходниот Geekbench листинг споменува 5000mAh батерија додека четирите камери на задната страна ќе имаат 48MP главен, 8MP ултраширок и 2MP макро сензор. Од предната страна се наоѓа 13MP селфи камера. Телефонот ќе го покренува Exynos 850 чипсет.
Поврзани артикли