Со новите модели на iPhone, Аpple на голема врата влезе во светот на проширената реалност. Од друга страна, постоечките Android уреди веќе можат да се проваат во светот на проширената реалност низ повеќе соодветни апликации.
Доколку сте пробале некој од филтрите за лице кои ги пружа камерата на Instagram, Snapchat и Messenger, веќе сте се служеле со проширена реалност. Апликациите подоле ќе ви послужат за различни намени.
Star Walk 2
Оваа бесплатна апликација е всушност вистински џебен планетариум. Покрај можноста за идентификација на вистински објекти на ноќното небо, корисниците може да следат и набљудуваат бројни планети, ѕвезди, Меѓународната вселенска станица, телескопот Хабл и уште многу други. За користење, доволно е да го вперите мобилниот кон небото и да уживате.
SketchAR
Многумина сакаат да цртаат, но по првите обиди – брзо се откажуваат. SketchAR ги учи корисниците да цртаат, но со користење на проширена реалност како водич. Сè што ви треба е парче хартија, молив и Android уред.
Wikitude
Wikitude на корисниците им овозможува повеќе детали за светот кој ги опкружува со помош на комбинирање на локални пребарувања со проширена реалност.
Inkhunter
Сите кои сакаат да пробаат тетоважа пред да ја претворат во нешто што ќе трае цел живот, можат да го направат токму тоа со Inkhunter, а покрај богатата колекција на уметнички дела, корисниците можат да видат и како нивните сопствени идеи ќе им стојат на било кој дел од телото.
Lumyer
Темелот на оваа апликација го прават токму филтрите за лице како на Instagram и Snapchat, но за разлика од нив, Lumyer ги додава ефектите по снимањето. Можете да додавате анимирани очи, коса и други финти, како и да направите GIF.
Gorillaz
Еден од пооткачените бендови на светот, секако, го прифати светот на проширената реалност. Со помош на нивната апликација е можно да се истражи сопствениот стан (и повеќе од тоа) за предметите од официјалните видеа на групата Gorillaz. Работите во проширената реалност се сместени многу паметно. Некои предмети, на пример, ќе ве одведат на апликацијата Spotify и ќе почне репродукција на некоја ексклузивна музичка содржина. За некои локации и функции нема да биде доволен екранот на Android уредот, туку треба да се користи Google Cardboard.
Извор: Tportal.hr