Играта Fortnite има повеќе од 350 милиони регистрирани играчи, соопшти компанијата Epic.
Оваа бесплатна игра се стекна со огромна популарност и е во рангот со Minecraft. Fortnite е една од најпопуларните мобилни и бесплатни игри во изминатите 15 години.
Epic не соопштува колку играчи дневно и месечно се најавуваат, но откриваат дека во април гејмерите поминаа 3,2 милијарди часови играјќи Fortnite.
Со оглед на тоа дека во март минатата година е соопштено дека Fortnite има околу 250 милиони регистрирани играчи, јасно е дека рејтингот на оваа игра сè уште расте. Голема предност е тоа што е достапка на сите платформи, за PC, конзоли и мобилни уреди, како и фактот дека постојано се подобрува.
Поврзани артикли