Компјутерите со два екрана без сомневање ја претставуваат иднината, но нема да се појават толку брзо како што мислеше Microsoft. Компанијата првобитно планираше да го објави Windows 10X заедно со нов хардвер – Surface Neo, кон крајот на годината. Меѓутоа, гласините од минатата година сугерираа дека оперативниот систем ќе биде одложен за 2021. година.
Уредите за кои е наменет, како што се телефоните, таблети и лаптопи со два екрана, според наводите, нема да бидат подготвени за испорака во текот на есента. Во меѓувреме, во објава на блогот на Microsoft, шефот на производи на компанијата истакна дека Windows 10X ќе пристигне на уредите со еден екран.
„Windows 10X верзијата на оперативниот систем ја дизајниравме како флексибилна, а таа флексибилност ни овозможи да го префрлиме фокусот на Windows 10X уредите со еден дисплеј за да ја искористиме силата на облакот и да им овозможиме на нашите корисници да работат, учат и да играат на нови начини“, истакна Панос Панај во објавата.
Засега не е познато какви предности Windows 10X би можел да им нуди на уредите со еден екран, со оглед на тоа дека оперативниот систем во најголема мерка е дизајниран за уредите со два екрана.