Не претставува изненадување тоа што Google Chrome е водечки веб-прегледник за десктоп и мобилните платформи, но најновите истражувања покажуваат дека Chromium во целост доминира со PC пазарот.
Аналитичката компанија NetMarketShare открива дека во текот на претходниот месец Google Chrome го користеле 69,18 проценти од сите компјутери ширум светот. На второ место се наоѓа новиот Microsoft Edge (кој исто така е заснован на Chromium) со пазарно учество од 7,76 проценти.
Mozilla Firefox, кој се смета за единствена достојна алтернатива на Chromium прегледнииците, сега е на трето место со пазарен удел од 7,25 проценти.
Споменатите резултати покажуваат дека Chromium engine претставува избор на импресивниот број PC корисници (било да се работи за Windows, Linux или macOS платформите). Комбинирано, Chromium прегледниците се инсталирани на над 77 проценти од сите десктоп компјутери.
Покрај ова, истражувањето покажува дека 5,18 проценти од уредите и натаму се потпираат на Internet Explorer за пребарување на интернет.