Рамниот, овален покрив налик на игралиште на објектот на една градинка во Токио, им овозможува на децата да си играаат и да трчаат во круг. Овој проект ја има освоено наградата „2017 Moriyama RAIC International Prize“. Градинката „Fuji“  се наоѓа во предградието на Тачикаве и во неа се сместени 600 деца на возраст од две до шест години.

p11-school-architecture-f-201403031

Проектот е дело на Tezuka Architects. Градинката го следи методот „Монтесори“, односно едукативниот пристап во кој децата имаат слобода да се движат по училницата и да учат по пат на откритија. Наместо на децата да им се наметнуваат физички препреки, архитектот од Токио, Такахаро Тезука, проектирал градинка во вид на континуиран простор кој несметано им овозможува учење и игра. Овој свој концепт, тој го нарекува „носталгична иднина“, бидејќи се базира на фактот дека децата природно би одлучиле да си играат без геџети и разни апарати на новите технологии.

media_6

НЕ е вградена никаква опрема за игра, туку самата градба претставува едно гигантско игралиште. Децата можат слободно да се движат, без опасност од повреда бидејќи се во сигурно опкружување. Подрачјето на покривот е во два дела, едно е игралиште а друго е налик на тркачка патека, што на децата им дава можност да се бркаат во рамките на овој бескраен прстен. Покривот е изграден околу постоечки стебла на дрвја, со мрежи поставени околу нив со цел лесно и безбедно качување. Покривот е висок само 2,1 метри, што овозможува блиска врска помеѓу двете нивоа. На самиот покрив има и прозорци преку кои се обезбедува природна светлина во училниците.

253881399_1280

Лизгачките врати на долното ниво, овозможуваат училниците да бидат отворени кога времето е убаво.

takaharu_tezuka_06

Тезука верува дека стандардниот распоред и концепт на училници е неприроден и контрапродуктивен за позитивно размислување и учење. Проектот со слободен план ја охрабрува независноста и соработката, без присилување на децата мирно да седат и да молчат во подолг временски период.

DVC00300

mqsy_maof.jp.p1000165

takaharu_tezuka_14