Иако затворањето на озонските дупки би можело да се поврзе со намалување на загадувањето поради забавувањето на целокупното ‘владеење’ на луѓето, сепак научниците истакнуваат дека не е така.
Кога научниците на почеток на месец март објавиле дека откриле необична озонска дупка во Земјата, над Арктикот, тие многу се загрижиле.
Не само што дупката се појавила на необично место, туку таа била најголема досега. Сите се прашувале дали тоа е последица на големите пожари во Австралија, емитирањето на штетните гасови или пак нешто трето.
Но, како што одеднаш се појавила, истата одеднаш и исчезнала.
The unprecedented 2020 northern hemisphere #OzoneHole has come to an end. The #PolarVortex split, allowing #ozone-rich air into the Arctic, closely matching last week's forecast from the #CopernicusAtmosphere Monitoring Service.
More on the NH Ozone hole➡️https://t.co/Nf6AfjaYRi pic.twitter.com/qVPu70ycn4
— Copernicus ECMWF (@CopernicusECMWF) April 23, 2020
Научниците од „Copernicus Atmospheric Monitoring Service“ (CAMS), објавиле дека дупката се затворила.
Иако затворањето на озонската дупка би можело да се поврзе со ‘стопирањето на светот’, научниците велат дека причината не е таа.
„Ковид-19 веројатно нема никаква врска со тоа“ – објавиле од CAMS, па додале:
„Затворањето го покренале необично силните и долготрајни поларни ветрови, и тоа нема врска со промената на квалитетот на воздухот“.
Научниците исто така истакнале дека до отворање на дупката дошло поради разните озони на Арктикот, што се случува многу ретко, но не е необично.
Тоа што е необично е фактот што сето тоа се случило во годишното време пролет. Од NASA истакнале дека вакво нешто се случува еднаш на 10 години.