Досега веќе имавме некои информации за Huawei P Smart 2020 телефонот, чија објава забрзано се приближува. Смартфонот е веќе поставен на сајтот на еден холандски онлајн синџир, заедно со фотографии и спецификации.

Huawei P Smart 2020 ќе има 6.21-инчен LCD екран со FHD+ (2340 x 1080p) резолуција и засек во кој е сместена 8MP селфи камера. На задната страна се наоѓа 13MP главна камера, 2MP сензор на длабочина и LED блиц. Тука е и сензорот за отпечаток од прсти.

Телефонот ќе го покренува Kirin 710F чипсет, кој ќе овозможи да биде испорачан со Google Mobile Services (GMS). P Smart 2020 се очекува и со 4GB RAM и 128GB простор за складирање.

Батеријата има капацитет од 3400mAh и се полни преку USB Type-C порт. Смартфонот има и приклучок за слушалки, dual-band Wi-Fi и NFC конекција. За софтверот ќе биде задолжен Android 9 Pie со EMUI 9.1 интерфејсот.

Huawei P Smart 2020 се очекува во црна, сина и зелена боја, по почетна цена од 200 евра. Засега нема конкретен датум на објава, но се очекува дека наскоро ќе се појави во Европа.