Компанијата Amazon во магазините во Велика Британија инсталираше нови термални камери, со помош на кои се скенираат вработените, со цел да се откријат симптоми на коронавирус.
Камерите работат така што се споредува температурата на телото на лицата кои ги скенираат со температурата на предметите околу неа.
Оваа технологија е побрза од термометрите кои биле користени пред тоа, објави BBC.
Коронавирусот е откриен во повеќе од 50 магацини на Amazon во САД, а вработените тврдат дека социјална дистанца е невозможна во тие магацини.
Светската здравствена организација претходно предупредуваше дека прегледите на температурата за коронавирусот можат да бидат лажно позитивни и дека не се толку сигурни кај луѓето кои се асимптоматски носителина вирусот.
Извор: B92.net