Еден програмер успеа Windows 10 on ARM да го покрене на Samsung Galaxy S8, кој користи Snapdragon 835 чипсет, а своето достигнување го објави на Twitter.
Програмерот Evsio0n креираше UEFI firmware за Galaxy S8 со помош на TianoCore проектот, за да го покрене Windows 10 on ARM на телефонот. Некои други програмери работат и на тоа Windows 10 on ARM да го овозможат со Snapdragon 835 чип, како што е Xiaomi Mi 6.
Фирмверот моментно може да го покрене Windows Preinstallation Environment (WinPE). Со оглед дека не постои никаква ACPI имплементација, уредот не може да покрене целосна верзија на Windows 10.
Сепак, ова претставува доказ од програмерите дека и натаму претстои многу работа за да се овозможи Windows 10 on ARM да функционира на паметните телефони. Програмерот овозможи изворен код за UEFI firmware достапен за користење, а оние кои сакаат лично да го покренат Windows 10 on ARM на своите Galaxy S8 уреди, можат на овој линк да ги пронајдат потребните инструкции.