Експерти на компанијата Cyble открија дека хакери продаваат податоци од корисници на апликацијата Zoom и тоа по евтини цели, а понекогаш и бесплатно.

Cyble успеа да дојде до над 530.000 профили преку хакерски форум на dark web, а меѓу украдените профили биле и на вработени во оваа компанија.

Податоците содржеле URL-линкови за состаноци и лозинки за Zoom. Од Cyble ги контактирале сопствениците на профилите и потврдија дека податоците се валидни, објави Forbes.

Bleeping Computers исто така контактираа некои од сопствениците на компромитираните профили и потврдија дека податоците се точни.

Податоците на dark web биле понудени за помалку од пени по профил, а некои биле пуштени гратис и на форумите хакерите се шегувале на сметка на корисниците на Zoom.

Cyble потврди дека бесплатните профили на Zoom почнале да се појавуваат на dark web на 1 април, а понудени се и e-mail адреси и лозинки. Меѓу нив има корисници од универзитетите во Вермонт, Колорадо, Дармут, Лафајет, Флорида и многу други.

Исто така, хакирани се и корисници на Zoom од познати компании како Chase, CityBank и други.

Експертите советуваат за секој онлајн профил, вклучувајќи го мејлот, да користите различни лозинки кои не треба да содржат лични податоци како датум на раѓање, телефонски или матичен број, адреса и слично.

Извор: Klix.ba