Како замена за билетот од 500.000 долари за патување до Марс, NASA сега нуди можност виртуелно да прошетате на Црвената Планета, што е на околу 80 милиони километри од Земјата.

Извршниот директор на SpaceX, Елон Маск, кој има намера да го колонизира Марс, изјави дека билетот за до нашата соседна планета може да чини и под 500.000 долари, т.е. оваа бројка да падне и до 100.000 долари со тек на времето.

Но, NASA има попривлечна понуда за оние што не сакаат да чекаат. Станува збор за симулатор за поглед на површината на Марс од сондата Curiosity.

Американската Национална воздухопловно-вселенска агенција го нуди тоа преку интернет. А, квалитетот зависи од компјутерот или таблетот.

Со тој симулатор може да се движите по Марс и да ги видите досега откриените делови од таа планета.

Овие виртуелни прошетки се бесплатни.