Додека во поголем дел од светот 5G мрежата уште не почнала ни со користење, некаде нејзините корисници се бројат во милиони.

Се очекува дека продажбата на 5G телефони оваа година ќе достигне 8,4 милиони уреди во Јужна Кореја, бидејќи произведувачите практично се тркаат кој ќе понуди уред кој ќе поддржува 5G мрежа по подобра цена.

Проценката е дека 5G телефоните ќе сочинуваат дури 48 % од вкупниот пазар на телефони во Јужна Кореја, а минатата година нивниот удел бил 28 проценти.

Бројот на претплатници на 5G мрежата во оваа земја е 5,77 милион, според официјалните државни податоци, пишува сајтот “Gadgets now”.

Корејските мобилни оператери во своите услуги ја вовеле 5G мрежата минатиот април.

Исто така, се очекува дека таму на пазарот оваа година ќе се појават уште 13 нови модели на телефони кои ја поддржуваат 5G мрежата.

Извор: B92.net