LG се одлучи за трејдмарк објава на нов телефон, но без истакнување на најголемиот дел од спецификациите на уредот. Јужнокорејската компанија само потврди дека LG Velvet ќе биде првиот смартфон во линијата што ќе го имплементира новиот дизајнерски јазик.
LG Velvet ќе обележи ново поглавје во мобилната стратегија на компанијата, а ќе се фокусира на дизајнот наместо на спецификациите за да ги дефиренецира своите производи. LG ветува „тактилна елеганција“, иако не добивме премногу детали што тоа значи. Нема ни фотографија од телeфонот, а тука е само неговото лого.
Потврдено е само дека системот на камери на задната страна ќе има raindrop дизајн, како на тизерот кој е објавен пред неколку дена. Според наводите на компанијата LG, Velvet би требало да го наведе корисникот да замисли „голема мазност и премиум мекост“, што се двете главни карактеристики на новиот уред.
Претходните гласини сугерираа дека новиот LG телефон би можел да биде претставен на 15. мај, кога веројатно ќе дознаеме повеќе детали за LG Velvet.