Се сугерира дека Apple веќе во текот на следната би можел да го претстави iPhone SE од следната генерација, кој во медиумите се нарекува и iPhone 9, а продажбата на овој модел најверојатно ќе почне кон крајот на април.
Новиот достапен iPhone ќе биде заснован на iPhone 8 верзијата кога е во прашање дизајнот на куќиштето и некои компоненти, додека би имплементирал надграден хардвер.
Се очекува дека iPhone SE (2020) ќе има 4,7-инчен LCD екран, со Home копче и интегрирана Touch ID поддршка. Ќе го покренува Apple Bionic чип од новата генерација (А13), додека една камера на задната страна ќе биде позајмена од iPhone XR моделот.
Apple би можел да го претстави новиот iPhone на својот сајт за неколку дена, а претпродажбата би почнала следниот петок. Се верува дека телефонот ќе ја задржи ценовната стратегија која ја имаше оригиналниот iPhone SE и дека основниот модел ќе чини 399 долари. Надградената верзија, со повеќе простор за складирање најверојатно ќе чини 449 долари.