Претходно се појавија информации за големиот Sony Xperia 5 Plus телефон, но овој модел не се појави. Сега имаме гласини за Xperia 5 II модел, кој би требало да има екран со големина под шест инчи. Се очекува дека телефонот ќе биде објавен во Јапонија во втората половина на годината.
Xperia 5 II би требало да има екран со големина меѓу 5.6 и 5.8 инчи. Покрај ова, телефонот би можел да има 5G конекција, што би го направил прв модел под шест инчи со поддршка за мрежите од следната генерација.
Исто така, ова би бил само втор 5G смартфон на Sony (првиот е Xperia 1 II). Xperia Pro исто така има 5G поддршка, но не беше наменет за мејнстрим корисниците.
Изворите сугерираат дека не е сигурно дали Sony Xperia 5 II ќе има премиум статус и покрај поддршката за 5G. Исто така, името на телефонот не е сигурно – пред неколку месеци се појави моделот Xperia 9 со Snapdragon 765G чипсет и вграден 5G модем.