Samsung официјално го објави Galaxy Chromebook, премиум 2-во-1 уред со Google ChromeOS, кој се претвора од конвенционален лаптоп во таблет со поддршка за стајлус. Ова е прв пат Samsung својот Galaxy бренд да го носи во Chromebook семејството.
Главната одлика на лаптопот е 13,3-инчниот AMOLED екран со 4K UHD резолуција. Samsung го развиваше Galaxy Chromebook во соработка со Intel, како дел од амбициозната иницијатива „Project Athena“.
Galaxy Chromebook го покренува Intel Core i5-10210U „Comet Lake“ процесорот, во комбинација со 8GB LPDDR3-2133 меморија, има 256GB NVMe SSD, UFS + microSDXC слот и 802.11ax + Bluetooth конекција. Присутни се и два USB Type-C порта, од кои еден се користи и за напојување.
Интегрираната Intel UHD 630 графичка картичка го покренува 4K UHD дисплејот, додека уредот го напојува 47.9Wh батерија, која овозможува осум часа и 20 минути работа на лаптопот со едно полнење. Придружниот S-Pen стајлус се складира во куќиштето на уредот.
Galaxy Chromebook е достапен во сива и црвена боја, по цена од 999 долари.
Поврзани артикли