Докторите од Универзитетската болница Џорџ Вашингтон ја подигнуваат свеста за опасноста од коронавирусот, објавувајќи CT снимка од белите дробови на заразен пациент од коронавирус.

Познато е дека смртоносниот коронавирус предизвикува симптоми како што се висока телесна температура, сува кашлица и гушење, правејќи голема штета на белите дробови.

Универзитетската болница Џорџ Вашингтон објави видео на кое е прикажан 3D модел на CT скенирање на белите дробови, на кој жолтата боја покажува колку штета нанесува коронавирусот на ткивото на пациентот.

САД води голема и тешка борба со пандемијата на коронавирусот, а досега заразени се 311.637 луѓе, починати 8.454 луѓе. Бројката на закрепнати пациенти изнесува 14.828.

Погледнете го видеото: