Сега се во тренд екрани без рамки, двојни камери од задната и предната страна,
итн. Yota Devices се разликуваат по тоа што YotaPhone изгледа како класичен
смартфон, но интересно е тоа што од задната страна има e-ink дисплеј, наменет за
читање, со што ја штедите батеријата.
Е-ink екранот од задната страна е интригантното кај овој телефон, кој е наменет за читање и
штедење на батерија. Импресивно, зар не? YotaPhone 3 има 5,5 инчен AMOLED дисплеј од предната
страна со резолуција од 1920×1080 пиксели, додека од предната страна има 720p дисплеј со
дијагонала од 5,2 инчи. Под хауба располага со Snapdragon 625 процесор, 4GB RAM меморија, 12MP
задна камера, батерија со капацитет од 3300 mAh, поддршка за брзо полнење и USB-C приклучок,
преку кој може да се поврзаат и слушалки
Цената на кинескиот пазар ќе биде 560 долари за капацитет со 64GB, а оној со 128GB ќе биде 660
долари. Погледнете како смартфонот изгледа на видеото: