Samsung Galaxy A20 беше еден од десетте најпопуларни смартфони во 2019 година, а сега го очекуваме неговиот наследник.

Се чини дека се ближи претставувањето на Galaxy A21 чијшто рендер го објави познатиот типувач од Twitter, Еван Блас.

Она што може да го забележиме на прв поглед e изгледот на селфи камерата сместена во горниот лев агол на екранот. Има четири камери, две повеќе од А20.

Ако камерите на Galaxy A21 бидат исти како на новите модели на серијата А, може да очекуваме главна, ултраширока и макро камера. Исто така се очекува и подобра резолуција.

Рендерот открива дека на задната страна се наоѓа сензорот за отпечаток на прст што значи дека не е интегриран на екранот.

Засега нема повеќе детали за спецификациите и за цената.