Компанијата „ДНК-Технологија“ од 3 април почнува да прави нови системи за тестирање на коронавирус.

Почетниот капацитет на производството е 200-400 комплети дневно, со тоа што постепено дневната количина ќе се зголемува на 1000, соопшти компанијата.

„Во еден комплет има 96 тестови, што значи дека со 1000 комплети можат да се направат околу 100000 испитувања“, се истакнува во соопштението. PCR-системот е направен по договор со Министерството за индустрија и трговија на Русија кое за овие потреби издвои 45 милиони рубли. „Комплетот тестови одговара на стандардите на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на Русија поврзани со дијагностиката на COVID-19 и овозможува откривање на најмалку 10 копии на вирусот во епрувета“, соопштува компанијата „ДНК-Технологија“. Компанијата го регистрираше овој систем за тестирање во руската Федерална здравствена инспекција (Росздравнадзор) и се подготвува да го регистрира во странство и да добие CE IVD сертификат.

„ДНК-Технологија“ прави инструменти и реагенси за испитувања на база на реакција на верижна полимеризација (PCR). Компанијата е основана 1993 година со спојување на искуствата на водечките соработници на Институтот за физика на високи енергии и Институтот за имунологија. Претставниците на компанијата велат дека таа е единствениот домашен производител со полн технолошки циклус, од научни истражувања до опслужување на медицински лаборатории и нивно опремување со уреди и реагенси потребни за молекуларно-генетски истражувања со PCR-метод во реално време.

Извор: Russia Beyond