Научниците од Централниот истражувачки институт за епидемиологија при Сојузната сужба за фитосанитарен надзор на Русија (Роспотребнадзор) создале нов тест со висока прецизност за откривање на новиот коронавирус Ковид-19 кај луѓето, кој не дава лажна позитивна реакција, пренесува ТАСС.
„Дијагностичкиот комплет успешно ги помина клиничките испитувања и беше регистриран за употреба во Руската Федерација на 25 март 2020 година.
Новиот тест ги исполнува сите современи барања за сензитивност и специфичност, овозможувајќи со едно тестирање не само да се открие САРС-КоВ-2, туку и да се разликува од другите САРС-ков-вируси како и од МЕРС-КоВ “, се вели во соопштението на „Роспотребнадзор“.
Во петокот, директорката на институтот соопшто дека новите тестови за Ковид-19 ќе даваат резултати за 2,5 часа и дека значително ќе ја поедностават процедурата. Тие ќе помогнат да се идентификуваат луѓето, и првенствено лекарите, кои веќе имаат имунитет на коронавирусот.
СЗО на 11 март прогласи пандемија на коронавирусот Ковид-19а. Досега, повеќе од 720,000 луѓе се заразени низ целиот свет, а повеќе од 35.000 починале.
Русија има 1.836 потврдени случаи на Ковид-19 и девет смртни случаи.