Кога OnePlus 6 беше објавен во 2018. година, телефонот им беше испорачан на тестерите со софтвер од претпроизводство, кој ја имаше always-on функцијата на екранот. Функцијата потоа е отстранета кога уредот почна да се испорачува на пазарот, бидејќи OnePlus стравуваше дека премногу ќе ја троши батеријата. Оттогаш ова е една од најмногу бараните функции на корисниците на OxygenOS платформата.
OnePlus конечно одлучи always-on дисплејот да им го испорача на корисниците, а компанијата истакна дека функцијата ќе биде достапна во рамките на следното ажурирање.
Во твитот, преку кој е објавена информацијата, не се објавени повеќе детали. Функцијата би требало да пристигне со новата OnePlus 8 линија, или ажурирањето би можело да ја додаде функцијата на поголем дел од постоечките OnePlus уреди.
The top IDEA is Always-On Display. We hear you, and our OS Product team has replied: it's on our roadmap.
— OnePlus (@oneplus) March 27, 2020
Засега корисниците ќе мораат да се задоволат со Ambient дисплеј опцијата, која моментно е достапна на OnePlus телефоните.