Sony врши драстична реорганизација на своите три одделенија за електроника – Sony Mobile Communication, Imaging Products & Solutions и Home Entertainment & Sound. Овие дивизии ќе бидат споени во едниствен „Sony Electronics Corporation“ od 1. април.
Тоа значи дека Sony бизнисот со телефони, потрошувачки камери, телевизори и куќниот ауди хардвер ќе биде по надзорот на една компанија. Целта на ова е подобра интеграција на различните (но поврзани) производи, оптимизацијата на внатрешата структура на компанијата и конкурентност.
Исто така, поврзаната глобална продажба и маркетинг, производството, логистиката и инженерските напори на оваа дивизија ќе бидат комбинирани во обид да се засили и зголеми нивната профитабилност.
Sony Interactive Entertainment, кој ги произведува PlayStation конзолите и развива игри за нив е единственото одделение на компанијата Sony за производство на електроника кое останува свртено кон потрошувачите.
Дивизијата на компанијата за сензори на камерите и професионална опрема (камери за студија, опрема за емитување итн.) останува недопрена, како и одделенијата за филм, музика, медицина и финансии.