Гласините сугерираат дека Intel планира следниот месец официјално да ја претстави својата Comet Lake-S серија десктоп процесори. Elchapuzas Informatico тврди дека планираниот датум на објава е 30. април.
Comet Lake-S е серија на Intel десктоп процесори од 10. генерација, која на корисниците би требало да им овозможи поголем број јадра/threads, како и повисоки брзини на работниот такт отколку досега. Со новата промена пристигнува и новото LGA1200 подножје на Intel, но и зголемената потрошувачка. Intel продолжува да ја користи Skylake заснованата архитектура на јадра и 14nm производниот процес.
Иако гласините сугерираат дека Intel Comet Lake-S процесорите ќе бидат претставени на 30. април, не се очекуваат на пазарот пред втората недела на мај. Со процесорите пристигнува и новата серија LGA 1200 матични плочи, со поддршка за Wi-Fi 6, 2.5Gb, 2.5Gb Ethernet и Thunderbolt 4.