Android Go Edition достигна 100 милиони активни корисници ширум светот, откако дебитираше во 2017. година. Овие корисници се наоѓаат во преку 180 држави, а користат широк спектар на паметни телефони (оперативниот систем го покренуваат над 1600 различни модели).
Google продолжува да објавува апликации за платформата, кои се оптимизирани за телефоните кои имаат ниски ресурси за CPU и RAM. Најновиот додаток во вид на апликации е Camera Go, која сега има едноставен интерфејс и го користи портретниот режим кој го разви Google (работи дури и на телефоните кои чинат 50-60 долари).
Првиот смартфон кој ја добива Camera Go апликацијата е Nokia 1.3, а поддршката за повеќе уреди пристигнува наскоро.