Тиери Бретон, европскиoт комесар за индустрија, му порачал на шефот на стриминг-платформата Netflix дека овој и другите оператори, кои овозможуваат вакви услуги, треба да го намалат оптоварувањето на интернетот, кое настана затоа што милиони луѓе се во своите домови поради коронавирусот и активно користат интернет за работа и забава.
Бретон раче дека операторите треба да го намалат квалитетот на снимката на понудените содржини од ХД (висока резолуција) на стандарден приказ.
Во светски рамки, речиси 219.000 луѓе се заразени со коронавирус, а помалку од девет илјади починале.
Во последните 24 часа во светот имало повеќе од 20.000 нови инфекции, 5.000 повеќе отколку што е забележано во Кина во екот на епидемијата.