Најновите гласини сугерираат дека Huawei планира да претстави нов модел во рамките на својата линија носечки уреди, заедно со претстојната P40 серија паметни телефони. Сега се појавија фотографии и спецификации од Huawei Watch GT 2e паметниот часовник.
Како што сугерира самото име, не се работи за целосно нов дизајн, бидејќи телото на уредот во најголема мерка е засновано на Watch GT 2 моделот. ремените сега имаат повеќе спортски дизајн, што часовникот би можел да го направи попримамлив за поинаква база корисници.
Дисплејот од 46mm е AMOLED, со 1.39-инчна дијагонала и 454 x 454p резолуција. Штедливиот HiSilicon Hi1132 чипсет го покренува паметниот часовник, додека го напојува 455mAh батерија. Часовникот има 16MB RAM и 4GB простор за складирање. Уредот има вграден сензор кој ја следи работата на срцето.
Цената и достапноста на Huawei Watch GT 2e паметниот часовник ќе бидат подоцна официјализирани, но гласините сугерираат цена од околу 200 евра.