Со оглед на тоа што Huawei повеќе не може да се потпира на услугите што ги нуди Google, активно бара алтернативи. Покрај сопствената продавница за апликации, кинескиот производител полека ги покрива и останатите услуги што ги нуди Google.
На ред дојде и услугата за музички стриминг, кој ќе биде преинсталиран на новите смартфон модели на Huawei и Honor. За да го обезбеди тоа, Huawei се здружи со музичкиот стриминг сервис Squid, кој е достапен на Android веќе подолго време, но не беше претерано популарен. Соработката со Huawei на тој начин ќе биде взаемно задоволство, бидејќи Huawei без напори ќе добие музички стриминг сервис, а Squid дефинитивно ќе добие на популарност, а сега ќе биде достапен и во Европа.
Huawei Music апликацијата е веќе достапна на повеќе јазици и има солидна количина на содржини, а може да се преземе од HMS. Корисниците кои немаат Huawei (или Honor) телефони, исто така, ќе можат да ја користат оваа услуга. Доволно е само да ја преземат апликацијата од официјалната веб-страница.
Апликацијата, покрај стриминг на музика, овозможува и креирање на плејлисти, преземање музика за офлајн преслушањување, како и неколку опции кои Huawei самиот ги смисли, а цената на сервисот изнесува 9,99 евра месечно.