Јужнокорејскиот електронски гигант, Samsung работи на нова технологија за екрани на мобилни телефони. Тоа може да се заклучи од нивната паметна пријава. За жал, во јавноста не пристигнаа многу податоци, бидејќи во пријавата не се гледа на која технологија овој дисплеј ќе биде заснован, бидејќи е наведено дека во прашање е само екран за смартфони.
Пријавите на 6. март се поднесени во US Patent and Trademark Office, како и во WIPO (World Intellectual Property Organization), за нешто што е наречено „Samsung PIFF“. Можеме да очекуваме дека овој нов дисплеј можеби ќе се појави на Note 20 моделот, но можно е да се работи за дисплеј за некои експериментални модели, како што се модели со екран кој се проширува. Впрочем, уште на CES во Лас Вегас оваа година, Samsung претстави тест верзија на еден таков уред.
Една од работите во кои можеме да бидеме сигурни е дека Samsung знае да направи добар дисплеј, како и дека има моќни производни процеси и дека брзо идеите ги претвора во конкретен производ.