Професорот Дов Гринбаум, директор на Институтот за правни последици на новите технологии „Зви Мајтер“ при израелскиот академски институт, тврди дека барањето живот надвор од Земјата може да биде закана од зараза полоша и од коронавирусот.
Тој истакнал дека во добата на брзо патување и ширењето на вирусот е многу поголемо и побрзо. Истовремео, како што тој споменал, истражувањето во последните нколку децении покажало дека некои бактерии стануваат посмртоносни и поотпорни кога се “одгледуваат“ во вселената.
Без оглед на популарниот научно-фантастичен мит за смртоносната зараза од вселената, НАСА продолжува да експериментира и да испраќа примероци од генетски одгледани бактерии на Меѓународната вселенска станица.
Иако ширењето на вонземјанскиот вирус во реалниот живот е малку веројатно, аналитичарот вели дека не треба да бидеме премногу оптимисти.
Тој вели дека доколку постои вонземјански живот, “постои и можност да се внесе нова зараза многу поопасна и од коронавирусот“.
Покрај тоа, тој истакнал дека живот е откриен на местата кои што некогаш биле сметани за ненаселливи и невозможни за преживување.
Додека НАСА планира да испорача карпи од Марс, јапонската мисија „Хајабус 2“ тргнува со астероид „Рјугу“ со примероци од карпи.
Како што истакнува Гринбаум, постои опасност дека некоја од тие мисии би можела да донесе зараза од вселената, пренесуваат од руски „Спутник“.
„Иако се надеваме дека ниту една од овие мисии нема да донесе некаква зараза, веројатно во некој момент во иднина тоа ќе се случи“ – заклучил Гринбаум.