Телефоните со Android 10 имаат поддршка за Dark Mode во Google Play продавницата веќе неколку месеци, а сега Google конечно го овозможи темниот режим на за уредите со постари верзии на Android. Според најновата Twitter објава на профилот на Twitter, Dark Mode за Google Play сега е достапен на сите Android уреди.

За да се искористат предностите на новата опција, потребно е корисниците да одат во менито за подесувања, каде што сега ќе постои нова секција Theme. Тука е потребно да се избере помеѓу Light и Dark темите, или да ја задржат System default опцијата, која одговара на изворната тема на телефоните.

Покрај ова, копчето ќе им овозможи на оние кои веќе го користат Android 10, да го натераат системот да користи светол режим, кога системските подесувања се наместени на темен режим или обратно.

Новата Dark Mode тема ги менува белите елементи на корисничкиот интерфејс со црна или сива боја, задржувајќи ги препознатливите зелени акценти.