Се појавија најновите нацрти на Nokia 9 телефонот, кои покажуваат дека уредот ќе има прилично тенка рамка околу екранот. Сензорот за отисоци од прсти сега е преместен на задната страна на уредот, зад двете Zeiss камери – центриран ниско и лесно достапен.
Од предната страма се наоѓа AMOLED дисплеј со заоблено стакло (стаклената површина исто така е заоблена). GFXBench тврди дека екранот на Nokia 9 ќе има големина од 5.3 инчи.
Чипсетот најверојатно ќе биде Qualcomm Snapdragon 835, додека камерата би можела да го користи сензорот IMX 258, а стигнува во RGB и монохромна верзија (двата сензора се користат и на Nokia 8).
Според информациите, Nokia 9 ќе чини 750 евра кога ќе се појави на пазарот, а ќе поседува IP68 сертификат за водоотпорност.