Почна да се гради новата истражувачка станица British Antarctic Survey (BAS), дизајнирана да ги исполни критериумите за безбедност кога се работи за екстремни и предизвикувачки временски услови. Проектот располага со аеродинамичен покрив што го одбива ветерот. Планот е објектот да биде завршен во 2023 година.
Работата почна во јануари за одбележување на 200-годишнината од првата посета на британскиот поморски офицер Едвард Бренсфилд на Антарктикот. Градежниот проект е воден од Antarctic Infrastructure Modernisation Partnership. Ова партнерство е формирано од Hugh Broughton Architects – фирма одговорна за Halley VI, заедно со NORR Architects, Turner & Townsend, BAM i Sweco. Проектот е дел од тековната програма за модернизирање на BAS-овата станица за истражување „Rothera“ во Аделаида, Антарктик.
Објектот со два ката на 4.500 квадратни метри ќе замени повеќе постојни згради уредени во истражувачката станица „Rothera“, кои се сметаат за застарени или премногу скапи за одржување. Објектот вклучува области за подготовка на експедиции за терен, продавници, медицински установи, канцеларии, области за рекреација, работилници и многу повеќе.
Она што го издвојува овој објект е неговиот привлечен покрив што го отстранува ветерот, дизајниран да ги намали ефектите од екстремните услови. Не е доволно само да се заштитат научниците од студот, туку се прават напори да се поддржи нивната благосостојба и да се минимизираат ефектите од сезонско афективно нарушување. Ова вклучува проектирање на отворен простор со кровни прозорци кои го максимизираат природното осветлување и живописниот декор.