Петмина студенти од Кина дизајнираа паметна кацига која може да им помогне на луѓето со проблеми со видов во секојдневните активности. Кацигата се вика Eye See и е опремена со ласери кои детектираат пречки, идентификуваат текст и ги опишуваат луѓето кои ќе ги сретнат.
На кацигата има камера и ласерски радар кои детектираат пречки на оддалеченост од околу 3 метри и испраќаат предупредувачки звук. Радарт е сличен на тие што ги има во беспилотните автомобили, функционира во радиус од 360 степени и во сите правци. Со помош на камерата кацигата идентификува текст на знаци или книги кои се пред тој што ја носи и ги чита.
Студентите велат дека вештачката интелигенција која ја има в кацигата може да ги опишува луѓето кои ќе ги сретне корисникот врз основа на препознавање слики. Има и други кациги дизајнирани за слепи лица, но со својот софтвер за препознавање текст и слики новата кацига оди неколку чекори понапред.