Компанијата TCL презентираше два флексибилни и свитливи концепт телефони.
TCL продолжува да ја освежува визијата за иднината на форматот на нашите мобилни уреди кои секојдневно ги користиме. Компанијата сега претстави два нови концепт паметни телефони, кои ги имплементираат се попопуларните флексибилни дисплеи. Едниот смартфон се превиткува на три дела, додека другиот се свиткува под куќиштето.
Дисплеј панелите ги разви TCL-CSOT, дивизија на компанијата за развој и производство на екрани. Флексибилната AMOLED технологија сега овозможува 10-инчниот таблет да се преклопи во 6,65-инчен уред со 20.8:9 однос на страници и 3K резолуција.
TCL разви и два различни вида на шарки – DragonHinge и ButterflyHinge, кои се свиткуваат кон внатре (како кај Galaxy Fold моделот) и кон надвор (како кај Mate X моделот). Кога се користат заедно, шарките овозможуваат форма на тројно свиткување.
Вториот флексибилен дизајн е уште поинтересен – телефонот се шири од страна, е екранот се извлекува од телото на уредот. На тој начин, AMOLED екранот кој се свикува расте од 6,75 инчи на 7,8 инчи. Се е моторизирано и со притискање на копчето, концепт телефонот го менува обликот.
Кога ќе се промени форматот, корисничкиот интерфејс се прилагодува на поголемиот екран, овозможувајќи дополнителни функции како што се поделениот екран и мултитаскинг подобрувањата. Благодарение на поинаквата технологија на дисплејот, нема набори и засеци какви што можеме да видиме на актуелните OLED екрани на флексибилни телефони.
TCL не објави информации за цената или достапноста на новите концепт телефони.